Единствена Македонија: Шилегов поставува плоча за човекови права, а заборавил да напише дека е недозволиво бришењето на македонскиот народ

Од:

„Единствена Македонија го осудува отстранувањето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Ќосето и истовремено изразува изненаденост од брзопотезноста на Петре Шилегов кој вели дека го остртанил споменикот бидејќи бил дивоградба иако согласно законот му стои на располагање можноста да го легализира за 1 евро по м2.

Изненаденоста и вчудоневиденоста е уште поголема од најавата на Петре Шилегов дека ќе посадува дрво посветено на човековите права од членот 10 од Декларацијата за човекови права за праведно судење, со што сакал да испрати порака дека правдата е непристрасна.

Ова од причина што, во услови кога на дело е обидот за завршен удар за обезличувањето и бришењето на македонскиот народ во контекст на спорот за името, Петре Шилегов треба да постави изгравирана плоча и да прати порака во смисла на член 1 од Повелбата на Обединетите нации, член 1 од Универзалната декларација за човековите права, член 1 од Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права и член 1 од Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права во кои се вели дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права и дека сите народи имаат право на почитување на начелата на рамноправност и самоопределување на народите да го определат својот политички статус вклучително и правото на македонскиот народ да го носи името – Република Македонија“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

Би можело да ве интересира

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев да не се плаши да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Единствена Македонија е колатерална штета на изборите од планот на „ѕверот“

Ана Ололовска