Единствена Македонија: Седиштето на ДПМНЕ го офарба ВМРО

Од:

„Единствена Македонија најдобронамерно ја советува ВМРО-ДПМНЕ да престане со барањето да се откријат лицата кои синоќа флрија боја врз нивното седиште бидејќи ќе ја видат страшната вистина дека седиштето на ДПМНЕ го офарба ВМРО.

Суштествено прашање кое бара математички прецизен одговор е – зошто ВМРО е против ДПМНЕ!?

Го повикуваме ДПМНЕ да се врати на изворните принципи на ВМРО за суверена и унитарна Македонија на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право и со неотуѓиво и со ништо неограничено историско и меѓународно правно-признато право да го носи името – Република Македонија.

ДПМНЕ да престане да биде соучесник на марионетската власт во Скопје во погубните политики за рушење на Македонија и Македонците, инспирирано и организирано од странски ментори.

За почеток, ДПМНЕ да се изјасни дека е против референдум за името, а доколку марионетската власт во Скопје сепак организира референдум, ДПМНЕ да се изјасни за бојкот и истовремено пратениците на ДПМНЕ да поднесат оставка во Собранието со што се отвора патот за една од варијантите за одбрана на името“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче