Единствена Македонија реагира бидејќи не се поканети на лидерска средба кај Спасовски за коронавирусот

Од:

„Таканаречениот технички премиер Оливер Спасовски е голем срам за Македонија. Спасовски заборавил во која држава живее со поканата на гости кај него за моделот на изборната кампања во услови на коронавирусот да одлучуваат две македонски и дури пет албански партии на албанското малцинство во државата. Овој формат не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и сите државјани на Македонија. Овој формат е неприроден, неприфатлив, недозволив и не ја отсликува македонската реалност“, пишува во соопштението на Единствена Македонија.

„Здравјето на луѓето како и одбраната на Татковината е немерливо. Решение за изборната кампања во услови на коронавирус треба да се бара според формулата за учество на 15 партии во следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии и тоа од најмалку две причини, прво, овој формат овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите малцинства, и второ, изборите на 12 април имаат историско значење оти народот треба да го даде одговорот по кој пат ќе оди Македонија – или ќе се зацементира бришењето на сешто е македонско од марионетската власт во Скопје или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи“, се додава во соопштението од Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Бачев: Чуствува ли Заев срам што пријателите од НАТО го оставија на цедило?

Жарко Настоски

Бачев му пиша на Вучиќ: Дозволете Македонците да се вакцинираат во Србија, во име на пријателството меѓу двата народа

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска