Единствена Македонија: Предавничкиот поход на власта кулминира со пазар – гласање за промена на уставот во замена за слобода

Од:

„Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија се сведоци како марионетската власт во Скопје е решена по секоја цена да изврши промена на уставот и да го избрише вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Предавничкиот поход на ненародната власт да избрише се што е македонско кулминира со антимакедонскиот пазар – гласање за промена на уставот во замена за слобода на одметнатите и уценети 8 пратеници и нивни блиски притворени и осудени лица.

Ваквиот пазар за некоја неизвесна цел на марионетската власт за членство во ЕУ во услови на обично ветување од ЕУ за датум за отпочнување на преговори за идно неизвесно членство на Македонија во ЕУ за кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира, ќе има тешки и немерливи последици за македонскиот народ и македонската држава.

За организаторите и учесниците во ова национално предавство почнувајќи од наменското смислување на одредени обвиненија, притворања и осуда на одредени лица, па, дополнително пазарење за нивната слобода со цел да гласаат за уставните измени, одговорност мора да има“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт