Единствена Македонија: Појавувањето на Талат Џафери пред споменикот на Ченто е големa провокација

Од:

„Марионетската власт во Скопје и на денот на најголемиот македонски национален празник Илинден со голема провокација на антимакедонска основа.

Како можеше пучистичката власт во Скопје да помисли, а не пак да го прати Талат Џафери на празникот 2-Август да оддаде почит на првиот македонски претседател Методија Андонов – Ченто, токму во моментот кога неговиот потомок Јане Ченто е фрлен во занданите во Истражниот затвор „Шуто Оризари„ за наводен тероризам, а само затоа што влезе во Собранието со силна верба дека го брани уставниот поредок на Република Македонија.

Појавувањето на Талат Џафери пред споменикот на Методија Андонов – Ченто е голем срам и тешка навреда спрема Македонија и Македонците и спрема потомците на Ченто.

Дотолку повеќе, Талат Џафери во 2001 удри токму врз идеалите на Методија Андонов Ченто, со неговото терористичко учество во 2001 во рушењето на уставниот поредок на Македонија, а според оперативен документ на УБК при МВР, Џафери е вмешан и во заседата кај Вејце каде ѕверски беа убиени осуммина македонски бранители во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.

Крајот на марионетската власт се ближи, а со нивните антимакедонски провокации се доведуваат во ситуација да се срамат од нив и нивните поколенија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска