Единствена Македонија: Пендаровски со 23% гласови е нелегитимен претседател

Од:

„Македонскиот народ може да биде горд на вчерашниот избори бидејќи со големата неизлезност е фактички победник на изборите со што ја делегитимира марионетската власт во Скопје.

Стево Пендаровски победи со 436.212 гласови, но, тоа е само 23 отсто од вкупниот број запишани избирачи со право на глас.

Претседател на држава со добиени 23 отсто од запишани избирачи не може да се смета за легитимен претседател на македонскиот народ. Не случајно бил големиот страв на марионетската власт од неизлегувањето на изборите и најавите дека се спремни дури и да го укинат цензусот.

За каква масовна победа на обединување и заедништво зборуваа синоќа Пендаровски и Заев кога македонскиот народ во голем број не излезе на изборите а Пендаровски победи со гласовоте на албанското малцинство во земјата.

Пендаровски и Заев победнички изјавија дека исходот од претседателските избори на кои Пендаровски доби само 23 отсто од запишаните избирачи значел гарантиран пат напред во НАТО и ЕУ. Да им ја освежиме меморијата на Заев и Пендаровски дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на ланскиот референдум на 30 септември ја изразија својата волја дека не сакаат во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ