Единствена Македонија: Паднаа маските на марионетската власт, се потврди дека со договорот се брише се што е македонско

Од:

Од партијата Единствена Македонија со писмено соопштение велат дека паднале маските, на како што велат, марионетската власт во Скопје.

„Со писмото на македонскиот бугараш Никола Димитров до грчкото министерство за надворешни работи во кое пишува дека нема македонска националност, всушност се потврдија стравувањата дека владата на Заев брише се што е македонско. Со писмото Димитров и официјално потврди дека со Договорот за промена на името се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ оти според писмото нема македонска етничка група а кое писмо грчкиот премиер Ципрас го прочита и во грчкиот парламент при гласањето за доверба на неговата влада која со тенко мнозинство од 151 пратеник од 300-члениот грчки парламент доби доверба токму со писмо-доказ од Димитров дека Македонци повеќе не постојат“, велат од Единствена Македонија.

Како што пишува во соопштението, излегла на виделина големата лага на Заев, Димитров и Шеќеринска кои велел дека македонскиот идентитет со договорот за промена на името е зајакнат и бетониран.

„Од друга страна се потврди сето она што во изминатата година го велеше Единствена Македонија дека договорот за промена на името е пишуван според терминологијата на меѓународото право каде зборот ‘nationality’ според меѓународното право означува државјанство, а не означува националност во етничка смисла, не е исто со зборот ‘етнички’ (ethnicity) а кое нешто вешто го криеше марионетската влада на Заев дека со договорот се бришат Македонците во национална и етничка смисла“ велат од Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска