Единствена Македонија: Одменатите пратеници со евтини трикови се обидуваат да се исперат од срамот

„Денеска во Собранието 8-те одметнати и уценети пратеници со евтини трикови се обидоа да се исперат од срамот со некакви нивни уставни амандмани со кои се подобрувал капитулантскиот договор со Грција.

Всушност, 8-те одметнати пратеници во очајнички обид да прикажат во јавноста дека не издржале за наше добро и дека ги штителе националните интереси иако македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на 30 септември порачаа дека не сакаат промена на името и членство во НАТО и ЕУ.

За кои амандмани зборуваат 8-те пратеници кога тие се напишани во СДСМ и затоа токму Заев експресно изјави дека ги прифаќа. Она што е содржано во три од четирите нивни амандмани веќе е содржано и во предавничкиот договор со Грција и наводните амандмани на 8-те пратеници се само наменско замајување на народот. Во целата оваа наменска игра битно е да се спомне само четвртиот амандман во кој е предвиден непристојниот пазар – формирање на собраниско тело за помирување кое во суштина значи слобода за обвинетите пратенции во замена за гласање за промена на Уставот и бришење на сешто е македонско!

Значи, вистината е една: оние 8 пратеници кои се одметнаа и гласаа за уставната ревизија носат огромна одговорност во историјата“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт