Единствена Македонија: Нема потреба од референдум, отпорот кон прославата покажа дека народот не прифаќа промена на име

Од:

„Единствена Македонија ја споделува големата радост со македонскиот народ и поголем дел од граѓаните, кои, синоќа, преку празните плоштади и очајната посета на НАТО-журките, кажаа НЕ на капитулантските политики на марионетската власт во Скопје.

Со големиот сенароден отпор против НАТО-журките налик на своевиден консултативен референдум се виде дека народот не прифаќа промена на име и влез во НАТО и ЕУ.

Дури и Македонската радио телевизија како национален сервис прво најави дека ќе обезбеди пренос во живо од главната прослава во Скопје а во последен момент ја смени програмата откако ја видоа очајната посетеност на, како што ја нарекоа од марионетската власт „Големата граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“.

Во новонастанатите околности кога народот синоќа се изјасни, сега повеќе нема потреба од референдум и најдоброто можно решение е марионетската власт во Скопје да ја информира грчката влада дека договорот за промена на името повеќе не важи.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните синоќа си го кажаа своето мислење. Се е јасно како ден“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бачев: Единствена Македонија е колатерална штета на изборите од планот на „ѕверот“

Ана Ололовска

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични против Дерковски и членовите на ДИК

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Мицкоски е столбот на досегашното и идно опстојување на Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти во предавството, во истите канцеларии во Брисел кај што оди Заев , по него оди Мицкоски

Габриела Димковиќ-Мишевска