Единствена Македонија: Наместо да сее страв, Бујар Османи и Албанците да започнат да учат руски јазик и пливање

Од:

„Марионетската и длабоко корумпирана и купена власт во Скопје мора да е во очај што секојднено зборува за наводни ризици доколку Македонија не стане членка на антимакедонските организации, НАТО и ЕУ.

Како и Шеќеринска која постојано повторува дека состојбите на терен од јуни ќе се менуваат доколку Македонија не стане членка на НАТО, така и на вчерашниот традиционален појадок со амбасадорите на САД и земјите ченки на ЕУ, и Бујар Османи зборуваше за наводни ризици, промена на состојбите на терен и влијание на трети земји доколу Македонија не стане членка на НАТО и не добие датум за преговори за членство во ЕУ.

Јасно е дека и Бујар Османи мисли на наводното лошо влијание на Русија, меѓутоа, Османи и марионетската власт во целина испуштаат од вид дека сојузот со Русија не е ризик, туку, природна средина за македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија со што се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонската држава.

Единствена Македонија жали што Бујар Османи не може да ги разбере новите геополитички поместувања на Балканот кои се навестуваат и тие доаѓаат, со што, Македонија најпосле ќе го оствари историското стратешко партнерство со Русија.

Оттука, Бујар Османи наместо очајнички да сее страв и лаги кај народот, му советуваме најдобронамерно да започне заедно со сонародниците Албанци да го изучува рускиот јазик, а радикалните Албанци да научат да пливаат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска