Единствена Македонија: МВР го охрабрува албанскиот сепаратизам, кривични за говор на омраза само за Македонци

Од:

„Поминаа два дена од скандалозниот говор на омраза на Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети кои во друштво на албанскиот претседател Илир Мета среде Скопје „летаа орли„ а од МВР целосен молк.

Сведоци сме како МВР секојдневно поднесува кривични пријави против Македонци за наводен говор на омраза меѓу кои и три кривични пријави од МВР против претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

За Единствена Македонија ваквиот чекор на албанските сепаратисти и шовинисти на македонско тло претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ.

Во Македонија се гони говор на омраза од Македонци, а не и од Албанци. Со ова, МВР го охрабрува албанскиот сепаратизам за создавање на големоалбанска држава во која влегуваат делови и од Република Македонија.

Ооваа катастрофа што ја предизвикува марионетската власт во Скопје, законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска