Единствена Македонија: Молкот на МАНУ за подарувањето на македонската историја на Бугарија е соучество за кое се одговара

„За Единствена Македонија и македонскиот народ е крајно симтоматичен молкот на Македонската академија на науките и уметностите на се поагресивните барања на мешовитата македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја.

Комисијата ја подарува македонската историја на Бугарија со признавањето на Цар Самуил за бугарски цар, дека Св. Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква и најново дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, а од страна на МАНУ целосен молк.

Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување. МАНУ мора да ја кажува вистината која базира на историски извори како во однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско-монголското потекло на бугарскиот народ.

Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани виталните национални и државни интереси, дотолку повеќе и по речиси 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ сеуште нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.

Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на новата народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник на марионетската власт во Скопје за бришење на се што е македонско, и за академиците одговорност мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт