„Зоран Заев и Христијан Мицкоски почнаа да го губат компасот во изборната кампања и без трошка срам почнаа отворено да се зае*аваат со народот од кого бараат гласови.
Заев вели ќе правел селфи со Мицкоски ако се откажал од криминалецот Груевски, а во исто време Заев како премиер нема конфискувано ниту едно евро од времето на криминалецот Груевски иако самиот Заев како опозиционер тврдеше дека доколку СДСМ формира влада се ќе биде одземено и конфискувано.
Мицкоски му враќа на Заев дека е спремен за селфи ако претходно Заев ги врати оние украдени 8 ипол милиони евра од Глобал што ги украл заедно со Вице иако Мицкоски како советник на Груевски од позиција на власт не му ги одзеде на Заев украдените 8 ипол милиони евра.
Лагите на Заев и Мицкоски повеќе не поминуваат. Народот ги прочита и Мицкоски и Заев и знае дека се контролирани и купени од ист центар, дека се партнери во криминалното богатење и уништување на се што е македонско.
За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 28 години ќе биде конфискувано од сите криминалци. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единсветна Македонија.