Единствена Македонија: Марионетската власт почна да измислува и трикови како да го измами народот да излезе на референдум

Од:

„Марионетската власт во Скопје е во целосен очај и паника од масовното препознавање кај македонскиот народ и поголем дел од граѓаните да бојкотираат и да не излегуваат на референдумот на 30 септември.

Најново од марионетската власт гледаме евтини маркетиншки трикови за измама на граѓаните да излезат на референдумот за постигнување на потребниот цензус за да може да го фалсификува референдумот.

Марионетската власт најбезобразно лаже дека со бришењето на името и идентитетот на македонскиот народ стануваме членка на НАТО и ЕУ каде граѓаните влегуваат во рајот и сите ќе бидат богати, иако Македонија 27 години е со НАТО и ЕУ, а е закована за европското дно.

Единствена Македонија ја разбира желбата на марионетската власт во Скопје за членство на Македонија во НАТО, бидејќи само така ќе го заштитат големото богатство стекнато на криминален начин оти се свесни дека нивните странски газди од НАТО не ги интересира нивниот грабеж, туку бараат само да бидат негови марионети за бришење на Македонија и Македонците, а народот останува да се дави во сиромаштија.

За опстанокот и просперитетот на Македонија не треба членство во НАТО и ЕУ, туку, нека дојде нова легална власт во државата која ќе ужива доверба од народот и нека направи национална и социјална револуција што подразбира ревидирање и поништување на сите антимакедонски договори од 1991 и ревизија и одземање на грабежот од околу 15 милијарди евра во изминатите 27 години.

Единствена Македонија изразува целосна подготвеност да го направи ова согласно законите кои ќе произлезат од новиот македонски устав.

Првиот чекор е да го одбраниме името и идентитетот на македонскиот народ и сплотени и единствени со масовен бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември да направиме референдумот да биде неуспешен“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска