„Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со војна доколку Македонија не стане членка на геноцидно-фашистичките организации, НАТО и ЕУ.
Престедателот на Европската комисија на ЕУ, Жан Клод Јункер, и екс претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Херман Ван Ромпој во одделни инетрвјуа рекоа дека е можна војна и во Македонија доколку не стане членка на ЕУ.
Пред два дена Радмила Шеќеринска на брифинг со новинарите рече дека доколку до јуни не се најде решение за името и влез на Македонија во НАТО, ќе се смени ситуацијата на теренот, алудирајќи на масовното определување на народот за Русија и Евроазиската економска унија.
Претходно на 4 април, на прославата на 69. роденден на НАТО на Плоштадот во Скопје, на дебатата, Шеќеринска, Џес Бејли и другите дискутанти за првпат кажаа дека Македонија освен членство во НАТО има и други алтернативи, но тие биле многу лоши.
Лагите на марионетската власт во Македонија и нивните странски газди повеќе не поминуваат кај народот.
Затоа народот масовно на секојдневните теренски средби со Единствена Македонија одлучно кажува „НЕ“ за НАТО и ЕУ и бара сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.
Народот да биде спокоен. Единствена Македонија по секоја цена ќе ја спроведе јасно изразената намера на народот за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Еврооазиската економска унија“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.