Единствена Македонија: Марионетите Заев и Мицкоски нема да успеат да го обезличат македонскиот народ

Од:

„Копретседателите Зоран Заев и Христијан Мицкоски од партијата „Погреб за Македонија“ денеска на т.н. лидерска средба во нов очајнички обид за вознемирување на македонскиот народ дека ќе дојде до промена на името и идентитетот.

Единствена Македонија го повикува македонскиот народ да остане спокоен, бидејќи целта на Мицкоски и Заев е по секоја цена да одработат за своите странски ментори од кои се купени и корумпирани за промена на македонското име и идентитетот, но во тоа нема да успеат.

Република Македонија до месец јули ниту ќе го промени името, ниту ќе стане членка на НАТО, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена.

Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

За таа цел, Единствена Македонија не се бори против Заев и Мицковски од партијата „Погреб за Македонија“, туку се бори против системот за обезличување на македонскиот народ кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите странски ментори го инсталираа во изминатите 27 години. Не се политички противници на Единствена Македoнија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, оние се само марионети во рацете на странски ментори, наш политички противник е погубната НАТО и ЕУ идеологија која ја уништува Македонија и македонскиот народ.

Единствена Македонија ќе победи и сите кои учестувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска