„Марионетата Зоран Заев и неговите странски газди се во голема паника штом Заев секој ден со очајни пораки и трикови се обидува да ги измами граѓаните да излезат на референдумот за да може да го фалсификува.
Најновата лага од марионетската власт е дека и во случај на масовен бојкот на референдумот, тоа ќе се сметало за прифаќање на капитулантскиот договор со Грција за промена на името и затоа граѓаните требало да гласаат на референдумот за да се постигне законскиот цензус на излезност.
Единствена Македонија го повикува македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да не наседнуваат на овие лаги на пучистичката власт во Скопје на која и се ближи крајот и на денот на референдумот масовно да не излегуваат и да бојкотираат, со што, ќе се смета дека референдумот не успеал штом нема потребна излезност.
Со неизлегувањето и бојкот на референдумот се спречува геноцидниот проект за промена на името и идентитетот на македонскиот народ, а пучистичката власт во Скопје со нејзините антимакедонски политики се доведува во ситуација да се срамат од неа и нивните поколенија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.