Единствена Македонија: Македонија ниту ќе стане членка на НАТО во јули, ниту ќе му се дозволи на Заев промена на името

Од:

„Единствена Македонија и македонскиот народ се наполно свесни дека Зоран Заев е во очајнички обид за распродажба на се што е македонско, меѓутоа, сепак, од човечки аспект сакаме најдобронамерно да му сугерираме на Заев да престане да се бламира, прво, како човек, и второ, да ја бламира државата на отворена сцена и веднаш да ги прекине средбите со грчкот премиер за името и идентитетот на македонскиот народ.

Ова од причина што Заев не е никаков фактор на преговарачката маса, а Грците цело време го вртат „Као киша око Крагујевца“ свесни за фактот дека умствениот капацитет на Заев не може да ја разбере простата вистина дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО во јули, ниту ќе му се дозволи на Заев промена на името.

Единствена Македонија во неколку наврати го реафиримираше во јавноста повикот до народот да остане спокоен, биејќи Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена, меѓутоа, Заев се уште не може да го разбере ова и продолжува да се бламира самиот како човек и државата.

Како и да е, марионетската власт на Заев во Скопје е најмалку битна во целата игра. Најбитно за македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија е тоа што процесите кои ги започна Единствена Македонија, храбро, решително и во интерес на народот за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската унија, се навестуваат. Тие доаѓаат“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска