„Таканаречениот договор со Грција за името е национално предавство и тешко злосторство врз македонскиот народ.
Марионетската власт во Скопје е во очајнички да ја уништи цела Македонија за само 365 дена од своето владеење.
Утре во Преспа, македонските јаничари и одродени македонци со изгубено национално чувство по налог на своите странски газди ќе потпишат таканаречен договор со Грција за името составен на приватната забава на Заев и Ципрас.
Таканаречениот договор за името е без правно дејство бидејќи е спротивен на домашното и меѓународното право и затоа новата легална власт на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот договор.
Се ближи моментот кога Единствена Македонија ќе победи и ќе расчисти со националните предавници, а сите кои учествувале во националното предавство со промена на името нема да стигнат ниту до границата при нивниот обид за бегство од државата“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.