„Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата меѓу два конгреса, денес, недела, 14 октомври 2018 на редовната седница во Скопје во проширен состав со претседателите на сите 62 општинкси комитети разгледа и донесе едногласни одлуки на Централниот комитетодлуки за повеќе прашања од својата надлежност.
Централниот комитет на Единствена Македонија го усвои Извештајот на Кризниот штаб против референдумот „Македонија – Бојкотира„ кој пред членовите на ЦК го презентираше Драган Угриновски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија и координатор на Кризниот штаб „Македонија-Бојкотира„. Исто така, Централниот комитет силно ја поздрави големата референдумска победа на Кризниот штаб „Македонија – Бојкотира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија против марионетската власт во Скопје.
Централниот комитет на Единствена Македонија едногласно го усвои предлогот на Извршниот комитет за исклучување на досегашниот заменик претседател Стефан Влахов Мицов поради дејствување на начин кој не одговара на неговиот политички статус во партијата што подразбира негова соработка со македонската тајна служба за растурање на партијата, смислено растурање на договорот за заедничко референдумско настапување со Глас за Македонија, Трета македонска партија и Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, прикривање и присвојување на парични средства од Австралија кои биле пуштени на негова сметка за целите на референдумската кампања, оцрнување на идејата за сојуз со Русија која народот почна масовно да ја прифаќа во смисла на нашата определба како партија да прикажеме еден нов светски модел, дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон, дека има други алтернативи и дека има сојузи во светот кои не бараат промена на името и идентитетот и сето тоа народот постепено да го осознава и апсолвира оти факт е дека ние живееме 27 години во една брутална пропаганда за НАТО и ЕУ.
Наместо ова, Влахов-Мицов на средбите по комитетите и со граѓаните смислено даваше манипулативни очекувања дека набргу ќе дојдат руските тенкови и авиони кои биле во Србија, ќе дојдат многу пари од Русија, ќе дојдат околу 10.000 илјади доброволци од Русија кои биле на боиштата во Украина и ќе прават преврат и слични небулози, се залагаше партијата да не ги подржува и да не излегува на протестите пред Собранието во месец јуни, да се чека до септември кога ќе започнала Третата светска војна, но, септември дојде и помина, се противеше партијата да нема секојдневни реакции со соопштенија и прес конференции на владините политики со што извршувал задача партијата да биде што помалку активна….
Притоа, Централниот комитет акламативно даде целосна подршка на политиките на Извршниот комитет и претседателот Бачев и ги овласти да го продолжат процесот кој го започна Единствена Македонија, решително, храбро и во интерес на народот.
Централниот комитет на НДМ изразува целосна подготвеност за учество на партијата на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат. Во овој контекст беше донесена одлука за закупување на 17 нови општински канцеларии, со што, со постојните општински штабови на партијата се покрива речиси целата територија на Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.