„Единствена Македонија ја поздравува храброста на американскиот потпреседател Мајк Пенс, кој, денеска на Твитер на своевиден начин најави дека Македонија нема што да бара во НАТО.
Пенс во официјалната порака на Твитер напиша дека телефонски му честитал на Заев за договорот со Грција со кој се отвораат вратите на Македонија во ЕУ, меѓутоа, за првпат не го спомна и НАТО што има свое значење преведено на обичен јазик.
Со изјавата на Твитер, Пенс ги демантираше и медимуските бирократи во Белата куќа во САД кои вчера пуштија соопштение дека Пенс му честитал на Заев за ЕУ и НАТО. За жал, и македонските медиуми бомбастично го пренесоа соопштението од Белата куќа, но, вистинскиот одговор стигна многу бргу од најрелевантно и најкомпетентно место, од потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој и посака среќен пат на Македонија само во ЕУ без да го спомне НАТО.
Единствена Македонија сочустувува со непријатната ситуација во која е Пенс, бидејќи, во скоро време ќе треба реалноста да се предочи и на марионетската власт во Скопје дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името.
Голема благодарност за паметниот чекор на Пенс за почитување на реалноста дека јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија е стратешки сојуз со Русија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.