„Единствена Македонија ја известува јавноста дека ја доби битката за името на партијата откако надлежен орган ја запиша партијата во регистарот на политички партии со назив: Единствена Македонија.
Да потсетиме, Народно движење за Македонија на седницата на Централниот комитет од 21 јануари годинава донесе одлука партијата да настапува со назив: Единствена Македонија.
Меѓутоа, надлежните органи повеќе од три месеци го одбиваа барањето за упис на новиот назив: Единствена Македонија, и притоа се бараше од името на партијата да се избрише зборот „Македонија“.
Како и да е, Единствена Македонија функционира со целосен правен капацитет.
Воедно, го охрабруваме македонскиот народ, како што го одбранивме името на партијата, ќе го одбраниме и името на државата, бидејќи, новата легална власт на Единствена Македонија има план преку четирите меѓународно правно-признати механизми кои и стојат на располагање на Македонија, да го вратиме името – Република Македонија во Обединетите нации.