„Единствена Македонија го осудува целосниот молк на Зоран Заев за зачестените закани на албанскиот премиер Еди Рама спрема македонскиот суверенитете и интегритет, вклучително и најновата вчерашна воинствена изјава на Еди Рама дека ќе ја нема Македонија ако не дозволи јазична федерализација.
Вакавите загрозувачки изјави на Еди Рама, според правилата на општото меѓународно право може да се сметаат за загрозување на меѓународниот мир и безбедност.
Затоа, Единствена Македонија смета дека е созреан моментот владата на Зоран Заев да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетите нации за овие загрозувачки активности на Еди Рама по мирот и безбедноста, земајќи предвид дека Советот за безбедност на ОН како орган има примарна надлежност за меѓународниот мир и безбедност.
Колку за илустрација, на иницијатива на Велика Британија, Советот за безбедност на ОН пред два дена одржи седница во врска со труењето на рускиот поранешен двоен агент во Велика Британија, а во нашиот случај Еди Рама во контиуитет се заканува дека ќе ја снема Македонија како држава, а од Зоран Заев целосен молк“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.