Единствена Македонија: Емил Димитриев од непознавање погрешно ја пофали тајната служба дека прислушува и следи законски

Од:

„Ја информираме јавноста дека изјавата на претседателот на Собраниската Комисија за контрола на прислушувањето, Емил Димитирев, дека 188 граѓани се следени со судски налог и дека ОТА работи согласно процедурите, не одговара на вистинската состојба и тоа ќе го поткрепеме со најмалку еден пример.

Единствена Македонија располага со писмен доказ дека во ОТА е заведен и телефонскиот број на претседателот Јанко Бачев само затоа што има поинакви надворешно-политички определби од марионетската власт во Скопје.

Иако постои судска наредба за прислушување на Бачев, оваа активност на тајната служба е во целосна спротивност со Уставот на државата од најмалку две причини:

Прво, во уставот е запишано дека темелна вредност на уставниот поредок претставува политичкиот плурализам и партиите можат да застапуваат различни политички гледишта, на пример, едни се за НАТО, други за Русија, трети можат да бидат за Движењето на неврзаните, едни да бидат за промена на име, други за неменување на име, едни за традиционални и семејни вредности, други за либерални вредности и.т.н., што значи плурализам на определби.

Второ, во Уставот е запишано дека државата може да членува во меѓународни организации. И толку. Никаде во Уставот не е запишано дека тие меѓународни организации мора да бидат НАТО и ЕУ. Значи, Републиката може да членува во било која од бројните меѓународни организации кои постојат во моментот во светот.

Значи, власта на Зоран Заев во моментот врши флагратно кршење на уставот со прислушувањето на претседателот на Единствена Македонија.

Единствена Македонија го повикува Емил Димитриев како претседател на Собраниската комисија за контрола на прислушувањето да обрне внимание не само на формалниот момент, односно, дали постои судска наредба за прислушување, туку да испитува и дали судската наредба е во согласност со Уставот“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска