„Единствена Македонија“: Дугин и Савин од Македонија си заминаа за Русија и не беа во Грција

Од:

„Единствена Македонија ги демантира бројните информации на медиуми, аналитичари и колумнисти дека Александар Дугин и Леониид Савин по посетата на Македонија заминале во извидничка мисија во Грција на средби со грчката партија “Златна Зора„ која е позната по своите антимакедонски ставови за нашето уставно име.

За Единствена Македонија, ваквите лажни информации имаат за цел да ги релативизираат јасните и недвосмислени пораки на Дугин и Савин дека името – Република Македонија е наше право, нашето име, нашиот идентитет и дека никој не може да ни го одземе вековното македонско име, а македонскиот народ е тој што треба да ја одбере својата алтернатива: ЕУ и НАТО или стратешки сојуз со Русија и Евроазиската економска унија.

Во интерес на вистината, ја информираме јавноста дека високите гости од Русија не беа во Грција, ниту пак имаа намера да патуваат кај јужниот сосед, туку, Александар Дугин и Леонид Савин беа во тридневна посета на Македонија на покана на Единствена Македонија и веднаш по посетата на Македонија си заминаа за Русија“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска