Единствена Македонија со неверување гледа колку барањата на членовите од бугарска страна во македонско-бугарската комисија за ревизија на историјата стануваат се поагресивни, а од членовите во Комисијата од македонска страна целосен молк и плашливост, вели партијата преку соопштение.
„Очигледно во Комисијата од македонска страна има Македонци со изгубено национално чувство штом на тацна и ја подаруваат на Бугарија македонската историја со признавањето на Цар Самуил за бугарски цар, дека Св, Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква и најново дека и Гоце Делчев е бугарски револуционер.
За Единствена Македонија е несфатливо колку марионетската власт во Скопје може да избрише се што е македонско, а колку македонскиот народ е нем набљудувач на сопственото самоукинување и обезличување.
Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа до крај ќе ја разјасни историската вистина дека еден дел од бугарското население е со македонско етничко потекло, дека во историјата повеќе бугарски влади како и значајни државни институции во минатото и денес ги раководат Македонци, а бугарскиот народ влече корени од татарско-монголската етничка група.
Единствена Македонија ги повикува и ги охрабрува македонските историчари да не се плашат и да ја кажуваат вистината која базира на историски извори дека Бугарите имаат татарско-монголско потекло.“, се навеува во соппштението на партијата.