Единствена Македонија: Честитка до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, битката ќе биде заокружена со вонредните избори

Од:

„Единствена Македонија ја подржува одлуката на пратеницте на ВМРО-ДПМНЕ да не ги поддржат уставните измени со кои се бришат македонскиот народ и македонската држава.

Истовремено, им честитаме н пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за храброста против силните притисоци на кои беа изложени од страна на марионетската власт во Скопје и нејзините странски ментори и на тој начин се вброија во светлите страници на македонската историја.

Да потсетиме, Единствена Македонија на неколку наврати бараше од македонскиот народ да остане спокоен оти Македонија ниту ќе го смени името ниту ќе стане членка на ЕУ и НАТО.

Сега останува да ја заокружиме битката. Оваа битка за народот, за државата Македонија, а не за некои други странски интереси, ќе ја решиме со вонредни избори на кои ненародната власт ќе биде поразена“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче