„Единствена Македонија ја поздравува умноста на Европската комисија, која, вчера, со дипломатски фрази прочитани меѓу редови стави до знаење дека ја почитува реалноста и дека Македонија нема што да бара во ЕУ.
Единствена Македонија изразува благодарност до европските бирократи во Брисел кои ја разбираат реалноста дека македонскиот народ и поголем број на граѓаните имаат јасно изразена намера за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.
Истовремено, останува горчливиот впечаток во изминатите 365 дена за очајничкиот обид на марионетската власт во Скопје за рушење на се што е македонско поради нивни темни мотиви.
Ја користиме приликата повторно да го реафирмираме ставот на Единствена Македонија дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО и ЕУ, ниту ќе се промени името, а марионетската власт во Скопје со истрошувањето на нејзината употребна вредност ќе заврши на буништето на историјата, дотолку повеќе, полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.