Единствена Македонија: Бачев не се криеше, туку војуваше против хунтата на Заев

Од:

„Единствена Македонија реагира на вчерашните лаги на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој, преку своите новинарски платеници во партиските портали „Денешен“, „Курир“, „Република“…ширеа подмолни лаги дека претседателот Јанко Бачев побегнал од завчерашниот митинг пред Собранието, па бил човек на Заев, па, излегол неповреден од протестот.

Ние сме свесни за очајот на овие новинарски јаничари и платеници, претходно на Груевски, сега на Мицковски, зошто ги шират ваквите лаги, свесни дека членството не ВМРО-ДПМНЕ масовно ги напушта предавничките политики на на нивните ментори од раководството на ДПМНЕ.

За разлика од платениците од порталите на ДПМНЕ, „Денешен“, „Курир„ „Република“… кои бараат и ликуваат за морбидни сцени со повредени лица на протестот, Единствена Македонија не посакува на било кој протест да има повредени, како што имаше на сенародниот митинг пред Собранието со употреба на бруталната и незаконска сила од полицијата.

Целиот македонски народ беше сведок пред Собранието дека првата испукана шок бомба и првиот солзавец од полицијата беа фрлени токму врз претседалот Бачев во обидот да го запре полицискиот хермелин кој тргна да го гази народот и притоа претседателот Бачев се здоби со сериозни повреди за што беше хоспитализиран во една скопска болница.
Значи, за разлика од новинарските платеници на Мицковски кои од безбедна дистанца во своите домови го следеа протестот и чекаа инструкции од Центарот за комуникации, или поточно, од Центарот за лаги на ДПМНЕ, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев беше со македонскиот народ цела вечер пред Собранието и војуваше со марионетската власт во Скопје по цена на своето здравје и живот“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска