Единствена Македонија: Бачев беше тргнат од листата на говорници, Дерала лаже за да го брани ликот и делото на Заев

Од:

Единствена Македонија реагира на вчерашното соопштението на Цивил во врска со конференцијата „Македонски перспективи – Како до Европа?“.

„Единствена Македонија реагира на лагите на Џабир Дерала во вчерашната реакција на ‘Цивил’ во врска со спречувањето на говорот на претседателот Бачев насловен како ‘Понуда до Заев за јавна опклада на симболични 1 денар дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО и ЕУ ниту ќе го промени името’, на конференцијата во организација на ‘Цивил’.

Во интерес на вистината еве ги фактите:

Факт број еден: Цивил упати покана до Единствена Македонија за учество на претседателот Бачев на конференцијата насловена како ‘Македонски перспективи – Како до Европа’.
Факт број два: Единствена Македонија го потврди учеството на конференцијата.
Факт број три: На лице место на самиот настан претседателот Бачев беше тргнат од листата на говорници во сесијата каде зборуваа претседатели на политички партии.
Факт број четири: На настанот зборуваа претставниците на сите присутни партии (сите дел од марионетската власт во Скопје) вклучително и сите партии на албанското малцинство во земјата.
Факт број пет: Не беше дозволен говорот единствено на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев откако во последен момент лица од кабинетот на Заев го издејствуваа тоа.

Џабир Дерала манифестира селективна сенилност и безобразно лаже и тоа од оправдани причини: Мора да го брани ликот и делото на Зоран Заев со оглед на нивните исти странски ментори за рушење на Македонија и Македонците.

Ја користиме приликата за осуда на непримерното однесување на одредени медиуми кои вчера објавија реакција на Џабир Дерала, а претходно не го објавија соопштението на Единствена Македонија“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Вонпарламентарни партии со неколку барања за Изборниот законик

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска