Единствена Македонија: 20-тина лица од УМС на ВМРО-ДПМНЕ го спречија Бачев да зборува пред Собранието

Од:

„Дваесетина млади лица од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од кои еден дел во видно алкохолизирана состојба синоќа го спречија претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев да се обрати на собирот за одбрана на името пред Собранието како единствен предвиден говорник.

Единствена Македонија го има идентитетот на пет лица од групата кои се во органите и телата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во неколку скопски општини.

Во еден момент постоеше сериозна опасност насобраниот народ да се пресмета со агресивните лица од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, заради што, советничкиот тим на претседателот Бачев одлучи да ја смири ситуацијата и да не се обрати на настанот, а говорници да бидат само граѓански активисти.

Единствена Македонија го повикува ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицковски да се вразумат, да ги остават настрана суетите, политичките калкулации и партискиот рејтинг, и целата енергија заедно и сплотени со македонскиот народ да ја насочиме во семакедонската народна борба против марионетската власт во Скопје“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт