Единаесет здравствени работници од Инфективното одделение во Штип негативни на Ковид 19

Од:

Негативни се резултатите за коронавирус и на последните четворица здравствени работници на Инфективното одделение Штип, а кои неколку дена се чекаше да пристигнат.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, за МИА изјави дека од Инфективното одделение тестирани се вкупно 14 медицински лица, од кои две лекарки, осум медицински сестри и четворица болничари.

Позитивни на корона вирус се вкупно тројца вработени од ова одделение – двајца болничари и една медицинска сестра, додека за остантите 11 вработени, тестовите покажаа дека се негативни на Ковид 19.

Поради дополнителните прегледи и анализи на 80-годишната жена, која со два негативни теста и дијагноза на бронхопневмонија е примена во болница, се тестираше и еден лекар специјалист од друго одделение, а резултатите покажаа дека е позитивен на коронавирус.

Ѓеорѓијев посочи дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се лекуваат од коронавирус, а останатите четворица се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од тестовите.

-Очекувам од утре како болница тестовите да ги праќаме во лабараторијата на МАНУ, од каде што резултатите од брисевите ќе ги добиваме за еден ден, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека утрово пристигнала и уште една донација за штипската Клиничка болница. Здружение на возачи за потребите на болницата во време на пандемија донира 300.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово