Еден загинат и четворица повредени во железничка несреќа кај Ногаевци

Од:

Едно лице загина и четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнето меѓу патничко моторно возило и товарен воз на обележан премин меѓу железничката станица Згрополци и Градско.

Од Службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом Велес за МИА информираа дека е починато 24-годишно момче, а една жена со потешки повреди е пренесена на клиниките во Скопје. Останатите тројца се згрижени во Велешката болница.

Несреќата се случила во 12:10 часот кога возилото марка „форд галакси“ со велешки таблички без да ја почитува сигнализацијата навлегло на пругата.

На патниот правец обезбеден со звучни и светлосни сигнали кои биле исправни, патничко моторно возило без да ја почитува сигнализацијата, навлегло во профилот на пругата и било удрено од товарен воз на патен правец кај селото Ногаевци, Градско, велат од Македонски железници – Транспорт за МИА.

Од МВР информираат дека железничкиот сообраќај на тој дел од пругата е во прекин се до завршување на увидот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Повеќе од 20 повредени во експлозија во близина на Буенос Аирес

Хаиваненко: 10 лица повредени во напад со руски дрон во округот Синелник

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски