Еден од најголемите соработници на КОС во Југославија, Али Ахмети да не се секира за Македонците порачуваат од ЗНАМ

Од:

Во целост го разбираме однесувањето на колегите од Вреди кога е во прашање спроведувањето на законите во Македонија. Понесени од досегашното самовластие на функционерите на ДУИ во институциите на македонската држава, овозможени од вазалската и неспособна власт на СДСМ, а исто така и во периодот на владеењето на владата на Груевски, со што создадоа слика за ДУИ дека се незаменливи и можат се’ велат од движењето ЗНАМ.

– Вреди се обидуваат да ги копираат ДУИ и продолжуваат по истиот терк, демонстрирајќи моќ од позиција на власт преку прекршување на законите и Уставот на Македонија. Движењето ЗНАМ-За наша Македонија јасно ги искажа своите политички ставови во преговорите со ВМРО ДПМНЕ за составување на владиното мнозинство преку дефинирање на принципите за функционирање на владата.
Првиот принцип е функционирање врз основа на почитување на Уставот и законите и секогаш јавно ќе реагира кога ќе има прекршување на истите.
Во врска со прашањата со етничките заедници во Македонија, тие се апсолвирани преку целосната имплементација на Охридскиот Рамковен договор.
Треба да престане наративот од коалицијата ВРЕДИ дека Македонија е бинационална држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства, како и тенденцијата на креирање на паралелни квази институции.
Движењето ЗНАМ-За наша Македонија секогаш ќе ги потсетува коалиционите партнери во владата дека Македонија е држава на македонскиот народ и сите граѓани од етничките заедници што живеат во неа, врз рамноправна основа со еднакви права и обврски кон државата.
Деновиве сме сведоци на изјави на претседатели на македонски партии претставници на албанската етничка заедница во однос на опстанокот на македонската држава и народ.
Како прво, еден од најголемите соработници на КОС во бивша Југославија, Али Ахмети, да не се секира за опстанокот на македонскиот народ, најголем гарант за тоа се Македонците каде и да се’.
Наместо да отвара навредувачки и националистички теми денеска кога државата се стреми кон ЕУ, а новата власт се обидува да го поправи сето тоа што тие го срушија со дваесет и две годишното владеење, нека се потруди да си го исчисти дворот во партијата од корупција и криминалот на својата фамилија.
Второ, во јавниот настап на потпретседателот на владата Изет Меџити и неговата изјава со квалификации дека Движењето ЗНАМ-За наша Македонија е националистичка партија, која има антиалбанска доктрина ја сметаме како обид за спинување и манипулација со цел избегнување одговорност за спроведување на законите.
Господинот Меџити предолг период беше во редовите на ДУИ, време е да излезе од таа матрица. Очигледно е дека идол му е Али Ахмети, наша препорака е да си остане само Изет. Истакнувањето на знамињата на етничките заедници е уредено со закон и никој не е над законот вклучувајќи го и Вицепремиерот Меџити, или пак за него е навредливо државното, македонското знаме да биде со поголема големина од останатите иако е пропишано со закон?! Знамињата на сите етнички заедници кои живеат во Куманово, а се истакнати во кабинетот на Димитриевски се согласно законот и од почит кон сите нив иако не е законска обврска, не служат за да навредат некој, туку да ги испочитуваат сите етнички заедници.
Тоа е мултиетницизам и взаемно почитување кое ние од движењето ЗНАМ го практикуваме и негуваме. На господата од ВРЕДИ сакаме да им укажеме дека колку побрзо сфатат дека нивна држава е Македонија, а не Косово, толку подобро за нив, во спротивно ќе завршат и пред да почнат, ќе разочараат многумина кои очекуваат да се различни од нивните предходници, а тоа ќе се потврди на следните локални избори.
Нека се договорат кој од претседателите на партиите во Вреди го кажува официјалниот став на нивната коалиција, затоа што вака делуваат како раштимуван оркестар без диригент, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Тачи го напушти Европски фронт, од ДУИ тврдат ќе делувал опозициски во консултација со Ахмети

Катерина Ѓуровски

Таравари би се сретнал со Ахмети, но не му е јасно што би зборувале

Катерина Ѓуровски

Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, ќе ви помогнеме да ја исчистите ДУИ од криминалните структури

Ахмети му одговори на Мицкоски за ветингот: Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе

Мицкоски жали што Ахмети си ја споредил партијата со „гума за спасување“, Таравари му порача да се адаптира во опозиција

Катерина Ѓуровски

Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција