ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

Од:

Од Државниот завод за статистика велат дека техничките проблеми кои се јавиле во текот на денешниот ден од пописот, всушност не се должат на интернет конекцијата.

„Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии. Колку за илустрација, во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата. Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации“, се наведува во соопштението на ДЗС.

Би можело да ве интересира

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Нема интернет во Иран, прекинот ќе трае најмалку 48 часа

Путин потпиша закон – кога ќе реши ќе го исклучи интернетот во Русија

А1он

Дојче Телеком ја зголемува вредноста на брендот и останува број еден глобален телекомуникациски бренд

Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава

Европската комисија ги поддржува иницијативите на Групацијата 4iG за дигитална инфраструктура и подморски кабли во Западен Балкан