Џозеф Борел: На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во своето обраќање на Првата меѓувладината конференција во Брисел рече дека на Северна Македонија не и потребен заклучок од Европската Унија со кој ќе и се потврди идентитетот затоа што нашата земја нема да го загуби во процесот на преговори.

– Живееме во време на политики на идентитети. На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, никој од нас не го губи. Ние имаме неколку слојни идентитети. Македонија со својата богата историја и култура секогаш била дел од Европа, вам не ви требаат заклучоци за тоа од ЕУ. Ни требате вие, ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот идентитет – рече Борел.

Тој беше прв човек на Европскиот парламент во 2005 година кога Македонија тогаш предводена од премиерот Владо Бучковски доби позитивно мислење од ЕУ и потоа остана во чекалната 17 години.

– Денес конечно започнуваме со процесот за кој чекавте и многу работевте. Живееме во многу голем,и тектонски политички промени, се движиме кон стратешки одлуки, но стоиме на крстопатот во историјата. Се согласувам дека може да напредуваме само со целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ. ЕУ беше креирана за да ги залечи поделбите и ги намали разликите од војните на Стариот континент.

Денес Македонија оди кон следната фаза на патот кон ЕУ. Живееме во клучни времиња и овој момент треба Македнија да го искористи за да ги направи клучните реформи. Преку пристапниот процес ќе се постигнат резултати кои ќе го трансформираат општеството и ќе донесат материјални придобивки за граѓаните. Ќе ви помогнеме при обидите трети страни да влијаат врз вас и ќе ви помогнеме да се соочите со последиците од војната во Украина. Ќе стоиме покрај вас на цел пат – истакна Борел.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска