Џиков: Притворот е казна, барам куќен притвор за Јовановски

Од:

Ставре Џиков, адвокатот на актерот Владо Јовановски, кој е притвор поради случувањата во Собранието на 27 април на седницата на Апелациониот суд во Скопје рече дека денеска бил во посета во истражниот затвор „Скопје“.

„Притворот е казна“, рече тој и побара поблага мерка од мерката притвор т.е. куќен притвор, со што смета дека ќе се осигура неговото присуство во целиот тек на постапката.

Според него, станува збор за јавна личност која не била претходно осудувана и која нема лош углед.

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Момир Маричиќ, рече дека останува на барањето за притворот.

Апелациониот суд на јавни седници расправа по жалбите на петтемина обвинети за настаните од 27 април на кои кривичниот совет им го замени куќниот притвор со притвор.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април