Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вели дека забраната за влез во земјава нема да ја промени вистината околу тоа дека Македонија „секогаш била бугарска“. Вакавата реакција на Џамбаски доаѓа откако претседателот Стево Пендаровски рече дека побарал од Владата на неколку бугарски државјани меѓу кои и еврорпатеник да им биде забранет влез во Македонија.
„Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. За тоа заслугата е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината!“, пишува Џамбаски во објавата на социјалните мрежи.
Претседателот Стево Пендаровски, вчера на седницата на Советот на безбедност, предложи на институциите односно Владата и МНР, да го прогласат Џамбаски за персона „нон-грата“, а тоа би значело да му се забрани влез во Македонија. Освен за него, забрана, шефот на државата предлага и за други бугарски државјани, а поради понижување и негирање на македонскиот народ.