Џаферовски: Граѓаните на Пласница пијат загадена вода, а тоа се крие од јавноста

Од:

Граѓаните на општина Пласница пијат загадена вода а тоа се крие од јавноста. Скандалот е огромен! Доведена е во опасност здравјето на околу 5 илјади жители од оваа општина, вели Аднан Џаферовски, член на ИО на СДСМ.

Еве го последниот Извештај од тестирањето на Центарот за јавно здравје од Прилеп кој вели, цитирам:

„Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од црвено потекло, како и зголемена матнотија и присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење“.

Овој извештај од 29.06.2016 година се крие од јавноста.

10 години од Центарот за јавно здравје во Прилеп стигнуваат извештаи дека водата во Пласница е загадена но ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Никола Тодоров ги кријат овие извештаи од граѓаните.

Никој не е известен дека водата е забранета за пиење. Ниту во училиштата кадешто учат најмалите.

Кај граѓаните постои оправдан револт. Но криминалната власт наместо да го реши проблемот им создава нови проблеми на граѓаните.

Преку извршители се принудуваат граѓаните по секоја цена да плаќаат за вода што не е за пиење.

Градоначалникот од ДУИ Исмаил Јаоски и Никола Тодоров мора да понесат одговорност.

Јаоски веднаш треба да си поднесе оставка за овој скандал!

СДСМ бара надлежни институии да престанат да ги лажат граѓаните и веднаш да изнајдат решенија за овој горлив проблем со којшто се соочуваат.

На криминалниот начин на владеење, самоволието и недомаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ на штета на здравјето на граѓаните му доаѓа крај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он