Џаферовиќ: Ќе се интензивира парламетарната соработка, одиме напред, Заев е нов импулс за регионот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом при Парламентарното собрание на БиХ, Шефик Џаферовиќ.

„Одиме напред“ е заедничката оценка, како и дека Република Македонија и БиХ на дело ја реализираат регионалната соработка потребна за евроинтеграциите на државите.

Констатирано е дека пред Македонија и БиХ е пат за добра соработка, со оглед дека двете земји немаат отворени прашања. Исто така оценето е дека различностите во двете земји се предност за државите, затоа што тие се темел на самата ЕУ, којашто е стратешка цел и на двете држави.

На средбата се разговараше за можноста да се поттикне поголема парламентарна соработка со оглед на значајноста на парламентот како институција.

„Новата Влада на Република Македонија цели кон тоа Парламентот во Македонија да биде коректив на власта, затоа што само на тој начин е можен вистински напредок на државата“, рече премиерот Заев.

Претседавачот на Претставничкиот дом при Парламентарното собрание на БиХ, Џаферовиќ ги поздрави позитивните демократски промени во Македонија.

„Вие сте една нова надеж, еден нов импулс за регионот“, се обрати Претседавачот на Претставничкиот Дом Џаферовиќ, на премиерот Заев.

Премиерот Заев соопшти дека мирната разврска на политичката криза во Македонија отвори пат на Република Македонија во евро-атлантските интеграции, но е порака и како низ мудри, внимателни и зрели политики и пред се политичка волја е можен вистински развој и за регионот.

Премиерот Заев упати покана до претседавачот во Парламентот во БиХ, Џаферовиќ, посета на парламентарна делегација на БиХ во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он

Грлиќ Радман: Формирањето хрватска изборна единица не значи дека БиХ ќе се распадне

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода