Џафери: Законот за бомбите ќе се однесува на необјавените материјали

Од:

Веќе објавените материјали од прислушуваните разговори не се спорни. Законот за бомбите ќе се однесува на новите необјавени материјали. Текстот на Законот може секој како сака да го толкува, но го носи законодавецот, изјави пратеникот од ДУИ, Талат Џафери кој се јави како прв предлагач на законското решение кое забранува било каква употреба на прислушуваните разговори.

На прашање дали идниот закон ќе предвидува обврска за медиумите да ги отстранат веќе објавените содржини, Џафери рече дека тоа ќе биде морална обврска на медиумите и дека останува на етиката на новинарите.

Џафери ги негираше тврдењата дека законот бил поднесен со цел да ги минира преговорите.

„Јас не можам да знам што мисли опозицијата. Идејата беше на 6-ти октомври законот да влезе во собраниска процедура, затоа што имавме најави дека разговорите за изборниот законик се движат во добра насока, имавме сигнали дека до крајот на денот ќе биде договорен изборниот пакет. За тоа беше пуштен законот, но со никаква друга намера“, изјави Џафери.

Додаде дека законот е отворен за забелешки и дека постои можност да претрпи промени. Џафери уште еднаш предупреди дека доколку работните групи не се договорат до 20-то октомври за овој закон, тој повторно ќе го врати во процедура.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански