Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

Од:

Премиерот Талат Џафери ги повика граѓаните да се обратат до подрачните единици на МВР и да почнат постапка за замена на патните исправи и да не чекаат во последен момент.

Прашан што со 650.000 граѓани кои од денес се заробени во земјава и не можат да ја напуштат затоа имаат неистечени пасоши, но неважечки од денес поради Преспанскиот договор, Џафери рече дека не верува дека сите граѓани имаат потреба да заминат надвор од Македонија.

– Прво и основно ние ги направивме првите чекори во однос на прашањето за движењето внатре со личните карти и со возачките дозволи. По однос на потребите за комуницирање за надвор се преземаат процедури за да се обезбедат и издадат соодветни документи.

Јас се надевам дека 650.000 граѓани во истиот ден денеска ниту имаат потреба ниту има можност да ја напуштат државата. Самите граѓани да се обратат до подрачните единици на МВР за да почнат постапка за замена на патнитре исправи – рече Џафери.

Премиерот и министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Талат Џафери и Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска присуствуваа на поставување камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово.

Би можело да ве интересира

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси