Џафери во Вашингтон се сретна со претседателот на парламентарната група на ГЕРБ Цветанов

Од:

Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание денеска во Вашингтон се сретна со претседателот на Парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ во бугарското Собрание и заменик-претседател на партијата Цветан Цветанов.

Тие разговарале за време на политичките консултации пред официјалниот дел на Парламентарниот безбедносен форум. За време на средбата Цветанов го запознал Џафери со парламентарната димензија на претстојното европско претседателство на Бугарија. Тој посочил на важноста што Бугарија ја дава на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Цветанов го информирал Џафери и за ратификацијата на Договорот со Македонија од страна на бугарскиот парламент, а македонскиот претседател на Собранието го уверил дека таквата процедура е почната и во Македонија.

– Нашите деца ќе живеат како пријатели и неа ќе се гордееме со тоа, изјавил Џафери.

За време на состанокот тие двајца разговарале за различни регионални иницијативи, потенцирајќи ја потребата за развивање на различни инфраструктурни проекти.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија