Џафери: Собранието не може да се состави, одлуката за вонредна состојба оди кај шефот на државата

Од:

Во врска со најавената вонредна состојба претседателот на собранието Талат Џафери во изјава за медиумите рече дека Собранието нема правен основ да се состане и дека сите ингеренции во врска со објавувањето на вонредната сотојба преминуваат во рацете на Владата и Претседателот на државата.

„Предусловите за одржување на изборите се невозможни и непотребни и свесни сме за новата состојба. Изборите не треба да се одржат.Од правен аспект, а во разговор со експертите, дојдено е до заклучок дека Собранието не може да се собере, како резултат на претходната одлука за самораспуштање, со што Собранието го има вратено суверентитетот кај граѓаните и не може да одлучува во нивно име. Во тој контекст предлогот беше дека е неопходно да се објави вонредна состојба која ќе овозможи на други надлежни институции соодветно да функционираат и да делуваат во контекст на новонастаната ситуација“, рече Џафери.

Според него, од моментот на прогласување на вонредната сотојба, надлежностите на Собранието во смисла на законодавство преминуваат во надлежност на Владата која со уредби со сила на законот треба да ги уредува сите околности кои се поврзани за потребата за објавување вонредна состојба.

„Она што е во најава е дека од Владата ќе добиеме предлог- одлука. Се уште не е стигната, но ја очекуваме во секој момент. Во подготовка е предлог одлуката, и кога ќе пристигне ќе бидете информирани. Истата предлог одлука врз основа на Уставот , поради општа констатација дека собранието не може да се собере ќе биде преупатена до Претседателот кој треба да постапи како што е пропишано. Се надевам дека Претседателот ќе постапи согласно проценките на ситацијата. Од друга страна Собранието не може да се состане и како последица на мерките за забрана за собирање на поголеми групи граѓани во една просторија “ рече претседателот на Собранието Џафери.

Би можело да ве интересира

Џафери: Презентацијата на Договорот за коридорите 8 и 10д се уште е предмет на координација

Џафери: Моите деца имаат исто право на работа како сите други, се прави сензација

Катерина Павлова-Николовска

Џафери: Се надевам дека денеска ќе заврши дебатата за разрешување на министрите

Пирц Мусар: Уставните измени се предуслов за следната фаза од евроинтеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: Деспотот од Форино не признава Устав

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ: Синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, институциите молчат и се прават ненадлежни