А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Џафери – Шарец: Северна Македонија заслужува да почне преговори за членство

by А1он10/10/2019 - 20:0110/10/2019 - 20:01257
Share0

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва на средба со словенечкиот премиер Марјан Шарец искажал благодарност за континуираната помош и поддршка од Словенија во остварување на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ.

Добивај вести на вибер

-Шарец констатираше дека Република Северна Македонија направи огромни напори и инвестираше многу во процесот за зачеток на евроатлантските процеси. Како земја пример во регионот за заеднички соживот, земјата заслужува да отпочне преговори и да биде самостојно оценувања за нејзините досегашни достигнувања, со што ќе може реално да направи придвижување во својот евроинтегративниот пат. Тој го увери претседателот Џафери дека Република Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ да ги убеди европските партнери дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, информира собраниската прес-служба.

Џафери го информирал Шарец дека нашата држава за релативно краток временски период успешно ги надмина отворените прашања со Грција и Бугарија и го отвори патот за членство во НАТО, како и за процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО, кој бележи поголема динамика од претходните членства, особено поради фактот што за девет месеци имаме заокружени ратификации во 23 земји членки со очекување следната 2020 година тој процес да заврши и земјата да стане полноправна членка во НАТО. Се заблагодарил на Словенија за првата ратификација на Протоколот по Република Грција оваа година. Во однос на ЕУ, Џафери изразил очекување дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот Самит на Советот на ЕУ.

Соработката меѓу двете земји, констатирале соговорниците, треба да продолжи со несмален интензитет на поле на економијата, културата и во други области од заеднички интерес, а дијаспората да служи како мост на поврзување и унапредување на соработката на овие полиња.

eumakedonijaslovenija

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 19:4106/02/2026 - 19:51

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 17:33

Словенија се подготвува да забрани користење на социјални мрежи за помлади од 15 години

А1он05/02/2026 - 17:44

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 21:4803/02/2026 - 22:06

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:3902/02/2026 - 09:39

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен