Џафери се сретна со новата директорка на канцеларијата на УСАИД, Гречен Биркл

Од:

Досегашната соработка меѓу Собранието и УСАИД, како што се проектите реализирани преку Националниот демократски институт (НДИ), кои ја поддржуваат работата на законодавното тело преку програми кои се финансирани од оваа организација беше тема на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со америнскиот амбасадор Џес Бејли и новата директорка на канцеларијата на УСАИД, Гречен Биркл.

На средбата присустуваше и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.

Претседателот Џафери изрази задоволство и благодарност за досегашната соработка и поддршка и нагласи дека Собранието е отворено за понатамошна соработка со нашите стратешки партнери. Генералниот секретар се согласи со кажаното од претседателот и искажа готовност за понатамошна соработка.

Соговорниците се согласија дека има резултати од досегашната соработка и заклучија дека постои взаемен интерес, волја и простор оваа соработка да се продолжи и унапредува и во иднина.

Би можело да ве интересира

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Трамп: Украдени се милијарди долари од УСАИД

Бил Гејтс бара УСАИД да продолжи со својата работа

Трамп одлучи: Згаснува УСАИД

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

ВИДЕО: „Криминалци“ и „радикални левичарски лудаци“ велат Маск и Трамп за УСАИД, демократите на протест