Џафери се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Финска во Република Македонија, Перти Иконен.

Собраниската служба за информирање соопшти дека Џафери изразил благодарност за континуираната поддршка што Република Финска ѝ ја дава на Република Македонија на планот на евроинтеграциите и истакнал дека интерес на Собранието на Република Македонија е да се интензивира билатералната парламентарна соработка и со таа цел наскоро, како и во сите досегашни парламентарни мандати, ќе се формира пратеничка група за соработка со Парламентот на Финска.

Бил изразен и интерес за продлабочување на соработката на ниво на работни тела и размена на искуства, како поддршка за нашите европски интеграции, а добрите пријателски односи биле оценети како добра основа за проширување и на економската соработка.

Во контекст на НАТО, како што се наведува, била поздравена соработката во рамките на Партнерството за мир, имајќи предвид дека иако не е полноправна членка на Алијансата, Финска е еден од најактивните партнери и ценет придонесувач за операциите и мисиите предводени од НАТО на Балканот и во Авганистан.

Амбасадорот Иконен му упатил честитки на Џафери за неговиот избор и ги поздравил заложбите на новата власт за интензивно продолжување по патот на евроатланските интеграции. Тој ја повторил подготвеноста на неговата држава да понуди конкретна помош и информирал за започнати проекти со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Двајцата соговорници споделиле мислења и за актуелните состојби во регионот и се согласиле дека воспоставувањето директни контакти е најдобриот начин за надминување на предизвиците меѓу државите.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Украина пронајде уште еден партнер за моќно оружје

Горан Наумовски

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Хелсинки може да стане подземен воен град за 72 часа