Џафери: Постапката за уставни измени може да почне, а во меѓувреме да се одива политичкиот дијалог

Од:

Од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени во Собранието до нивното усвојување минимално се потребни 4,5 месеци. Процесот може да почне и без постигнат политички дијалог и да се искористат триесетте дена до првото гласање за постигнување договор, истакна на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери. 

-Процедурално не е пречка да се отпочне процесот и да продолжат преговорите за политички консензус. Не е невозможна мисија имајќи ги предвид овие рокови. И додека течат тие рокови има време за дебата. Процедурално е можно, рече претседателот на Собранието.

Искажувајќи лично мислење тој смета дека процесот треба да почне и да заврши.

-Консензус е неминовен во оваа процедура затоа што не може се помине ни во една постапка без тој консензус, рече Џафери. 

Во овој случај, додава тој, ова веќе ги надминува интересите на мнозинството. -Ова веќе не е само интерес на мнозинството, ова е интерес на државата на граѓаните. Државата 30 години работи макотрпно на тоа да ги оствари двете стратешки цели кои ги определиле уште при осамостојувањето, ова е можноста, вели Џафери. 

Искуствено, одлагањето на влезот во НАТО во 2008. не чинеше десет години и јас, вели Џафери, не сум убеден дека добивме подобро решение од она што беше во 2008.

-Поучен од тоа искуство секое одлагање на оваа можност сега сметам дека наредното евентуално решение би било уште потешко особено кога упатува дека нема простор за нови преговори во нештата што се поминати досега. Тоа се работи кои се јасни и тоа ние јасно треба да го кажеме. Ние како политичари треба да ја преземеме одговорноста за идните генерации, вели претседателот на Собранието.    

Џафери додава дека доколку нема две третини на првото гласање, процедурата ќе прекине. За тоа дали во вакво сценарио би имало избори, Џафери вели дека за тоа да се случи потребни се 61 глас за распуштање на Парламентот. 

Државниот врв, според него, досега не разговарал доколку не се усвојат уставните измени, што може да предизвика нова длабока политичка криза. 

Од пристигнувањето на иницијативата за уставни измени во Собранието, потребни се 30 дена за таа да биде разгледана, по што ќе се одржи пленарна седница на која треба да се гласа.  

-Седницата може да почне и со 61 пратеник за усвојување на дневниот ред, со точка на дневен ред иницијатива за пристапување кон измени на уставните измени. Се усвојува дневниот ред со присуство на 61 пратеник, а од нив минимум една третина да изгласа „за“ е поминат дневниот ред. Одлуката за пристапување што треба да ја донесе Собранието е со двотретински гласање (од 120 тоа се 80 пратеници). Особено што се работи за промена на Преамбулата и по она што кажа Работната група во кои правци ќе оди измената ќе се оди на составот на Комитетот и дијаспората, оваа иницијатива ќе има две точки, барем првично каде што треба да се гласа и со Бадентерово мнозинство, појасни Џафери.

Од вкупниот број пратеници 40 се припадниците на заедниците, а од нив за овие гласања потребни ќе бидат гласовите на 21 пратеник од заедниците.  

Во однос на натамошната постапка, тој рече дека откако иницијативата биде изгласана оди пак во Влада со заклучок во кој се поставува рок. Потоа текстот на нацртот на амандманите на Уставот со образложение, предлагачот го доставува до претседателот на Собранието, кој го доставува до пратениците и до претседателот на Републиката најдоцна 30 дена пред одржувањето на седницата на Собранието.

Амандамни може да се поднесат само за она што е предмет на измените на Уставот и тоа право го имаат пратеник, работно тело и Владата како предлагач, најдоцна осум дена пред Седницата на Собранието. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, го утврдува нацртот на секоја амандман на Уставот. После ова, следува јавна расправа која не може да биде подолга од 30 дена. Потоа Владата поднесува предлог- амандмани во Собранието, коишто треба да се прифатат на Комисија за уставни прашања, која потоа испраќа извештај со дополнет предлог на текст на седница и на нив секој еден пратеник може да поднесе амандам, но не нов амандман, туку за истата материја. За да се изгласаат предлог-амандманите потребни се 80 гласови. 

-Текстот на амандамни се усвојува со 61, а усвојување на амандмани на крај со двотретинско мнозинство, појасни Џафери.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година