Џафери-Пападимулис: Сите парламентарни групи во Европскиот парламент го поддржува Договорот од Преспа

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент од Република Грција, Димитриос Пападимулис, кој учествува на 15-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската Унија.

Џафери му посака срдечно добредојде во Собранието во овој клучен момент, кога земјата влегува во нова фаза од нејзините евроатлански интеграции. Тој ги констатираше одличните односи со Европскиот парламент и со одржувањето на состанокот на МПК и Конференцијата на млади лидери во Собранието во следните денови, се очекува да се испрати уште една јасна порака за европската перспектива на земјата. Актуелното мнозинство ги вложи сите напори за надминување на пречките на патот кон целосна евроатлантска интеграција, со потпишување на Договорот со Република Бугарија и на Спогодбата со Република Грција, и исполнувањето на потребните услови согласно барањата на европските институции. Зачестените посети на странски државници во периодот пред одржувањето на референдумот се добредојдени и помагаат на напорите на земјата да стане полноправна членка на НАТО и да отпочне преговори за членство со Европската Унија.

Пападимулис, заблагодарувајќи се на топлото добредојде од домаќинот, уште еднаш ја искажа силната поддршка на Европскиот парламент на евроинтеграциите на Република Македонија и на недвосмислената, речиси едногласна поддршка на Европскиот парламент и сите парламентарни групи за Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Грција. Двете земји, со преземените чекори, му дадоа силен агрумент за поддршка на Европскиот парламент, како позитивен пример во регионот, способни да градат мостови и да изнајдат компромиси. Тој изрази очекување и оптимизам за позитивен исход на референдумот и на следните чекори кои претстојат за негова целосна имплементација, покрај различните мислења кои постојат во двете земји, што е одлика на секоја европска демократија.

Двајцата соговорници беа согласни дека, се изгуби драгоцено време во изминатите децении, особено по Солунскиот самит од 2003-та година кога за прв пат беше потврдена европската иднина на регионот и дека со имплементацијата на спогодбата, земјата влегува во нова фаза во односите со НАТО и ЕУ, но и во билатералната соработка со Република Грција, отворајќи нова страница за отпочнување на директна парламентарна соработка на сите нивоа, но и нова ера на полето на економијата, образованието, културата и сите области од заеднички интерес на двете земји и нивните граѓани. Исто така, изразија уверување дека по имплементацијата на спогодбата, во месеците што ќе следат, многу граѓани ќе го променат своето мислење и реално ќе ги почувствуваат придобивките од нејзиното потпишување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште