Џафери од денеска седниците ќе ги води на албански јазик

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери од денес ќе ги води собраниските седници на албански јазик, оваа можност ја има со новиот закон за јазиците кој веќе стапи на сила. Во врска со поставувањето на двојазични табли на зградата на Собранието, Џафери рече дека ќе се испочитува рокот од шест месеци, но ќе почека тоа да се спроведе со промената на името на државата, па да не се прават двојни трошоци.

Во однос на парламентарните избори, претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека ќе чека договор меѓу партиите за да ја стави на дневен ред иницијативата за распуштање на Собранието и организирање предвремени избори, што ја достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека е нецелисходно да ја стави како точка на дневен ред само колку за да има дискусија.

„Треба 61 потпис за да се распушти Собранието, треба да се обезбеди 100 дена техничка Влада пред одржување на сите избори“, рече Џафери.

Лично тој, смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори.

Во однос на претседателските избори, Џафери најави дека остануваат веќе договорените датуми за распишување на изборите. Тие ќе бидат распишани на 8 февруари, првиот круг ќе се одржи на 21 април, додека вториот круг ќе биде на 5 мај. Џафери вели дека е подготевн ако нема цензус на изборите и не се избере шеф на државата, тој да ја извршува функцијата прв човек на државата.

„Кога сум прифатил да бидам претседател на Собранието, значи сум подготвен да ги преземам сите одговорности кои ги носи функцијата, па во случај на потреба да се обави и таа функција“, рече Џафери.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата